На ГП Богородица за излез се чека 20 до 30 минути, а на Табановце за влез се чека 40 до 60 минути

1 min read

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез се чека од 20 до 30 минути, а на граничниот премин Табановце за влез се чека од 40 до 60 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата, како што се посочува, се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голферката Пејџ Спиранак прогласена за „најсекси жена на светот“

Следно

Највисока инфлација во Австрија за 47 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian