Миовски в недела би можел да го има официјалното деби за Абердин

1 min read

Македонскиот репрезентативец се очекува да биде големо засилување сезонава за Абердин во шкотскиот шампионат, но и во другите натпреварувања.

Бојан Миовски го имаше првиот настап во подготовките летово и веднаш стрелаше во ремито против Ст. Џонстон (1:1).

Абердин без нашиот напаѓач продолжува да бележи добри резултати од стартот на шкотскиот Лига куп, триумфираше со 0:5 на гостувањето кај Стирлинг за трета победа во низа и моментно прво место во групата „А“ со девет бодови.

Менаџерот на екипата, Џим Гудвин најави дека Миовски (откако ќе ја добие потребната работна виза за Велика Британија) наскоро да му се придружи на тимот и можно е в недела да го официјалното деби против Рајт во шкотскиот Лига куп.

– Не е потврдено, но се надеваме дека ќе го имаме Миовски во составот на крајот од оваа недела, евентуално в четврток или петок да биде на време за натпреварот в недела против Рајт – вели Гудвин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид-19 во Албанија: Заразата со варијантата БА5 се шири наголемо

Следно

ВИДЕО | Невообичаени средби со диви животни: Искуство кое еднаш се преживува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian