Започнаа возбудувањата од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, Малме е поразен во првиот натпревар на гостувањето кај Жалгирис со 1:0.
За шведскиот клуб иако беше на клупата за резервни играчи, не настапи македонскиот репрезентативец Ердал Ракип.
Единствениот гол за Литванците беше реализиран на стартот од второто полувреме (49`) преку Французинот Урега.
Реваншот ќе се игра во Малме на 27 јули, а победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло ќе игра против подобриот од пресметката Линфилд (Северна Ирска) – Бодо/Глимт (Норвешка).
Денеска се одиграа уште два меча, ерменскиот Пјуник загуби дома од Дуделанж (Луксембург) со 0:1, а Карабах од Азербејџан пред своите навивачи со 3:2 триумфираше над швајцарскиот Цирих.