Ковид-19 во Албанија: Заразата со варијантата БА5 се шири наголемо

1 min read

Заразата со варијантата БА5 се шири наголемо, нешто што го потврдуваат и податоците дека во изминатото деноноќие во земјата позитивен резултат е добиен кај 48, 3 отсто од тестираните.

„Во изминатите 24 часа се направени 3821 тестови, при што вирусот е потврден кај 1846 лица, додека во болницата Ковид3 во моментов на лекување се 30 пациенти. За жал, починаа две лица од Тирана на 67 и на 81-годишна возраст“, соопшти албанското Министерство за здравство.

Сепак, според семејните лекари, инциденцата на заразата е повисока, бидејќи поголем број од граѓаните дома прават брзи тестови и не се јавуваат доколку не им се влоши состојбата.

Тие додаваат дека секој втор пациент кој доаѓа во нивните амбуланти е со симптоми на ковид-19.

Според официјалната статистика, од почетокот на пандемијата, па сѐ  досега се направени вкупно 1.889.151 тестови, позитивни биле 298 578, во списокот на оздравени се внесени 285 912, починале 3520 додека активни на болеста се 9146 лица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина

Следно

Миовски в недела би можел да го има официјалното деби за Абердин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian