Израел бара Бугарија да го прогласи Хезболах за терористичка организација поради нападот во Бургас пред 10 години

1 min read

Израелскиот амбасадор во Бугарија Јорам Елрон за време на комеморативната церемонија во Бургас рече дека нема зборови на сочувство за да се избрише болката на роднините на загинатите во нападот во 2012 година. Тој ги повика бугарските власти да го прогласат Хезболах за терористичка организација и да го вклучат во обвинението против извршителите на нападот, пренесе БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хезболах, според израелскиот амбасадор во Софија, го извршил нападот на аеродромот во Бургас „Сарафово”, а терористите дејствувале по негови инструкции. „Денес, на ова место, испраќаме порака дека тероризмот никогаш нема да надвладее”, изјави и тој во својот говор.

Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Цветан Цветанов им се заблагодари на сите меѓународни специјални служби кои и помогнаа на неговата земја да ја открие поврзаноста на организацијата Хезболах со нападот во Бургас.

Комеморативната церемонија заврши со религиозен ритуал на кој се изврши молитвата Кадиш. На крајот од церемонијата беа изведени химните на Бугарија и Израел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралиските флора и фауна сè повеќе загрозени

Следно

Борачот Мемеди се закити со бронза на Европското првенство во Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian