Итни мерки во Холандија поради горештините

1 min read

Општинските власти и приватниот сектор во Холандија денеска презедоа итни мерки бидејќи температурите се искачија близу 40 степени, јави ДПА.

Машини фрлаа сол на одредени патишта со цел да се намали температурата на површината. Општинските власти појаснија дека солта ја извлекува влагата од воздухот што доведува до намалување на топлината на асфалтот, што може да достигне до 50 степени во такви услови.

Алберт Хеин, најголемиот синџир на супермаркети во земјата, соопшти дека нема да разнесува намирници до домови, со цел да ги поштеди своите возачи од нивно носење до клиентите под жешкото сонце. На социјалните мрежи, потрошувачи изразија незадоволство од таквата одлука.

Многу подвижни мостови во Амстердам се прскани со вода за да се намали ширењето на челикот и да се спречи нивното заглавување.

kurir.mk

Претходно

Битиќи: Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа

Следно

Елмас не е на продажба, и покрај интересот од Милан и Торино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian