Играчот на Дортмунд, Себастијан Але боледува од рак на тестисите

1 min read

Една од најголемите ѕвезди на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, кој треба да биде замена за Ерлинг Халанд (кој се пресели во Манчестер сити) дозна дека има рак и веднаш ги напушти подготовките на тимот.

Але (28) кој е роден во Франција, настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, поради тешка болест го напушти клупскиот тренинг камп во Бад Рагаз, Швајцарија и итно отпатува назад во Дортмунд.

Тој во понеделникот по тренингот се пожали дека не се чувствува добро, а лекарските прегледи открија дека има рак на тестисите.

– Денешните вести беа шок за Себастијан Але и за сите нас. Цела Борусија му посакува на Себастијан целосно закрепнување што е можно поскоро и дека наскоро ќе можеме повторно да го прегрнеме. Ќе направиме сè што е во наша моќ да се осигураме дека тој го добие најдобриот можен третман – рече спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.

Але во својата кариера настапуваше за Утрехт, Ајнтрахт, Вест Хем и Ајакс каде минатата сезона постигна 32 гола на 50 натпревари, а летово се пресели во Борусија за 34,5 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФТ: Пелоси има намера во август да го посети Тајван

Следно

Вирусна инфекција која лесно се „закачува“ на базен: Се пренесува преку крпите, дури и преку плочките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian