Груби: Со срце кон Европа

1 min read

Првиот потпретседател на Владата на Република Македонија денес од Брисел им честита на граѓаните на земјава за реализацијата на првата меѓувладина конференција на РСМ со Европската Унија.

Груби истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на работата да се надмине секој предизвик за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.

Во продолжение целосната изјава на првиот вицепремиер на земјава, Артан Груби од Брисел:

Денес дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност.

Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина.

Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, но со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. СО СРЦЕ И УМ ЗАЕДНО КОН ЕВРОПА!

Претходно

Во Софија од денеска се враќаат маските против ковид-19

Следно

Шкупи денеска на „Максимир“ по добар резултат против Динамо Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian