Голферката Пејџ Спиранак прогласена за „најсекси жена на светот“

1 min read

Една од најубавите спортистки во светот, голферката, интернет-ѕвездата и инфлуенсерката Пејџ Спиранак (29) привлекува воздишки со своите објави на социјалните мрежи, а магазинот „Максим“ ја прогласи за најсекси жена на светот.

Популарната Американка, не била успешна во својата спортска кариера, но и покрај тоа е една од најпопуларните спортистки во светот, а ја носи и титулата најубава.

Последен пат се натпреваруваше пред повеќе од шест години, во 2016 година, по што не се врати на теренот, а фокусот го префрли на работата како инфлуенсерка на Инстаграм. А, сега пристигна и официјалната потврда за нејзината убавина. Имено, магазинот „Максим“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот.

„Прогласена сум за најсексапилна жена на светот, сè уште не ми се верува. Ви благодарам за оваа чест“, напишала раскошната Пејџ.

Спиринак има 3,5 милиони следбеници на Инстаграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јончевски е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Следно

На ГП Богородица за излез се чека 20 до 30 минути, а на Табановце за влез се чека 40 до 60 минути

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian