ФОТО | Зградите на Владата и на МНР во боите на Европската Унија

1 min read

Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската Унија во знак на денешниот официјален почеток на простапните преговори.

„Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас.

Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија“, пишува на официјалната страница на Владата.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи напиша на Фејсбук дека зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на Европската Унија како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Невообичаени средби со диви животни: Искуство кое еднаш се преживува

Следно

Седлоски: Динамо и натаму е фаворит, сега нè чека полн стадион во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian