ФОТО | Свадбениот албум на Елена и Бојан: Раскошна свадбена прослава, бајковита венчаница и „стаклени“ чевли

2 mins read

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка и инфлуенсерка, Елена Стефановска (сега веќе Елена Најдоски), позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија која ја води веќе десетина години.

Елена на својот инстаграм-профил постојано споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.

Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „да“.

Минатата недела Елена и Бојан официјално стапија во брак и направија свадбена прослава во еден познат скопски хотел, за која уште долго ќе се зборува. На забавата присуствуваа најблиските пријатели, роднини и соработници на парот.

Фото: Приватна архива

Елена во текот на вечерта смени два раскошни фустани. Традиционално, за најважниот ден од нејзиниот живот таа носеше бела светкава венчаница со корсет и прерамки. Косата ѝ беше фатена во опавче, имаше и прекрасна шминка, а целиот бајковит изглед го надополнила со круна. Во текот на вечерта водителката и инфлуенсерка се појави во полежерно издание – пократок бел фустан со мрежасти елементи и пердуви.

Една недела по свадебната прослава Елена на својот инстаграм – профил објави фотографии од свадбениот албум, а притоа им овозможи на своите следбеници да и постават прашања поврзани со свадбената прослава, изборот на локација, свадбен фустан и чевли, како и сите детали поврзани со целокупната организација.

Фото: Приватна архива

Венчаницата на Елена потсетуваше на бајковитиот фустан на Пепелашка, па дури и вискиоте потпетици во сребредна боја со многу светки потсетуваат на изгубениот стаклен чевел на дизниевата принцеза. Водителката на своите следбеници им откри дека и венчалниот фустан и прекрасните потпетици од модната марка „Џими Чу“ ги купила од Солун.

Уживајте во прекрасните фотографии од најсреќниот ден на Елена и Бојан…

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елмас не е на продажба, и покрај интересот од Милан и Торино

Следно

Варвициотис: Честитки за Северна Македонија, ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian