ФОТО | Сите се смеат на фотографиите на Илон Маск во костим за капење: Не сакавме тоа да го видиме!

2 mins read

Милијардерот Илон Маск (51) деновиве ужива во одморот на грчкиот остров Миконос со славни пријатели, а неговите фотографии на кои е гол до појас, на Твитер предизвикаа низа реакции.

Маск ја шокираше јавноста со својата бледа кожа додека пливал во морето и уживал во својата јахта. Корисниците на Твитер набрзо почнаа да го коментираат неговиот изглед.

„Се надеваме дека ставил крем со висок заштитен фактор“, му порачале дека би требало подобро да се заштити од сонцето, бидејќи може да изгори.

„Не требаше да го видам тоа“, се „згрозиле“ многу корисници на Твитер.

„Кој не би имал дете со овој човек“, ја исмевале неодамнешната вест дека Илон има десет деца со три различни жени.

Инаку, Маск неодамна раскина со девојката Наташа Басет (27), а „Дејли мејл“ откри дека бринетата, која му прави друштво на Миконос, е всушност, истакнатата модна дизајнерка Сара Стаудингер и дека е новата сопруга на Ари Емануел (61), извршниот директор на една од најважните холивудски агенции за таленти „Endeavour“.

Светските медиуми неодамна објавија дека Илон Маск станал татко на близнаци кои ги родила неговата деловна партнерка и извршна директорка на неговата фирма Шивон Зилис.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кровдарителска акција во општина Гази Баба

Следно

Најмалку една жртва во ракетен напад врз Краматорск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian