ФОТО | Која е црвенокосата девојка што во чекор го следи Џони Деп?

2 mins read

Познатиот холивудски актер Џони Деп ужива во животот со полно срце, откако победи во повеќемилионската тужба на судењето со поранешната сопруга Амбер Херд.

Деп бил виден во друштво на непозната црвенокоса жена за време на турнејата со британскиот гитарист Џеф Бек.

Познатиот актер е фотографиран во Италија како излегува од комбе со црвенокоса жена и ѝ помага околу чантата.

„Не постои тука никаква романтична врска“, вели извор близок до Деп.

Фото: Профимедиа

Црвенокосата девојка која го придружува за време на пробите во Италија била идентификувана како негова професорка по француски јазик.

Тие наводно се запознале на снимањето на новиот филм на Деп „Jeanne de Barry“, а пријателите на актерот инсистираат дека нивната средба не била љубовна врска.

Малку подоцна, Деп настапил во арената „Санта Џулијана“ со гитаристот Џеф Бек.

Фото: Профимедиа

Потсетуваме, за време на истата турнеја, судијата го одби барањето на неговата поранешна сопруга Амбер Херд да го поништи судењето.

Во случајот што го следеа од милиони луѓе, Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета кога таа во написот на „Вашингтон пост“ од 2018 година напиша дека Деп физички ја малтретирал со години, притоа без експлицитно да го наведе неговото име.

Последователно, на Деп му беше доделена отштета од над 10 милиони долари од седумчлената порота која застана на негова страна.

Херд доби два милиони долари за една од нејзините тужби за клевета.

Фото: Профимедиа

Судот во Вирџинија го одби барањето на Амбер Херд за ново судење

Адвокатите на Деп: Амбер Херд нема основа за жалба

Прва по судскиот процес: Џони Деп во улога на контроверзниот француски крал Луј XV

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЛШ: Ракип и Малме се враќаат со негатива од Литванија

Следно

Проф. Спасов за Дојче Веле: Нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian