ФОТО: Де Лихт во Баерн Минхен до 2027 година

1 min read

Баерн успеа да го ангажира дефанзивецот Матијс де Лихт од редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Холандскиот интернационалец потпиша договор со баварскиот гигант до 30 јуни 2027 година.

– Многу сум среќен што станав играч на овој голем клуб. Баерн е најуспешниот клуб во Германија, еден од најуспешните клубови во Европа и во светот. Баерн е брилијантно раководен клуб со големи цели – рече Де Лихт за клупскиот сајт.

Со „Старата дама“ по еднаш ги освои титулите во Серија А, Купот и Суперкупот на Италија. Во сите натпреварувања имаше 117 настапи и осум голови.

За најдобрата холандска репрезентација до сега има 38 настапи, а двапати се запиша во листата на стрелците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем шумски пожар во североисточниот дел на областа Атика

Следно

ФОТО | Бајкa во Тоскана: Српската актерка се омажи со ѕвездата на „Топ Ган“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian