Елмас не е на продажба, и покрај интересот од Милан и Торино

1 min read

Според италијанскиот медиум „Ил Матино“, и Торино ја следи ситуацијата со еден од најдобрите македонски репрезентативци.

Претходно Милан испрати понуда за Елиф Елмас од 35 милиони евра, но „наполитанците“ немаат намера да го продадат нашиот играч за помалку од 40 милиони.

Најновите информации велат дека и покрај интересот на актуелните италијански шампиони и „биковите“, Наполи ги одбива сите понуди и нема намера летово да го продаде Елмас.

Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Гвинтоли вели дека Македонецот е многу ценет од тренерот на екипата, Лучано Спалети.

– Елмас е во плановите на Наполи и за следната сезона. Играчот не е на продажба – се зборовите на Гвинтоли.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Итни мерки во Холандија поради горештините

Следно

ФОТО | Свадбениот албум на Елена и Бојан: Раскошна свадбена прослава, бајковита венчаница и „стаклени“ чевли

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian