Македонското борење има нова голема надеж, Омер Мемеди во категоријата до 68 килограми (слободен стил) се закити со бронзен медал на Европското првенство за У-15 во Загреб, Хрватска.
Нашиот борач го започна својот настап со пораз од Грузиецот Констатин Петриашвили (10:0) кој подоцна го освои златото во оваа категорија.
Во репасажот Мемеди забележа две победи против Христо Јуриев Петров од Бугарија (13:6) и Давид Луцков од Украина (6:4).
Во борбата за бронзениот медал триумфираше со 8:6 против Дмитро Постовји од Украина.
До бронза дојде и Бугаринот Божидар Пламенов Добрев, а во финалето Петриашвили со 10:0 го совлада Марк Матјас Лапоса од Унгарија.