Битиќи: Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа

1 min read

Денешниот ден и сите случувања во него го чекаме долго, денеска е ред да си честитаме и да прославиме. Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа, порача Фатмир Битиќи, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции на неговиот фејсбук профил.

– Реформите и подготовката за овој ден ги имаме почнато пред 4 години, но сега е време да ги завршиме и нашата земја да биде европска. Се надевам на конструктивност и свесност дека секој еден треба да помогне и да поттикнува. Секој по едно делче од својата област и добиваме силно цело.

Честитам на сите! Денеска е ден за славење!, напиша Битиќи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По Џенифер ќе се мажи и Никол Шерзингер: Избраникот на пејачката е седум години помлад рагбист

Следно

Итни мерки во Холандија поради горештините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian