Адмирал Роб Бауер: Војната во Украина има глобални последици, вклучително и за Западен Балкан

1 min read

Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер денеска во Сараево изјави дека војната во Украина има глобални последици и дека многу земји, вклучително и Босна и Херцеговина, се загрозени поради руската инвазија на Украина.

„Војната во Украина има глобални последици, вклучително и за Западен Балкан. На Самитот на НАТО во Мадрид договоривме посилна поддршка за земјите-партнери, преку создавање нов пакет одбранбена безбедност, со модернизација на безбедносните и одбранбените структури”, рече Бауер.

Тој ја оцени војната во Украина како „војна на (рускиот претседател Владимир) Путин, кој се обидува да ја уништи моќта на правото со законот на силата”.

Според него, нападнат е системот во кој се применува правната држава и конфликтите се решаваат по мирен пат, поради што останува задачата на сите слободни земји во светот да застанат во негова одбрана.

Бауер нагласи дека присуството на НАТО во Сараево и поддршката за мисијата ЕУФОР е „показател за посветеноста кон Босна и Херцеговина”.

„Имаме взаемни придобивки што се засноваат врз почитување и соработка. Безбедноста на Босна и Херцеговина е клучна за безбедноста на Западен Балкан и Европа. Мојата посета е насочена кон подобро разбирање на предизвиците со кои се соочува БиХ, како и силата и способностите на вооружените сили на БиХ”, изјави високопоставениот офицер на НАТО.

Бауер денеска пристигна во Сараево, каде беше пречекан од началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Сенад Машовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Овој дел од Скопје во среда ќе биде без вода

Следно

По Џенифер ќе се мажи и Никол Шерзингер: Избраникот на пејачката е седум години помлад рагбист

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian