23-годишната пациентка, која почина од ковид-19, имала и тумор на лимфно ткиво

1 min read

Денес почина 23-годишна девојка од Свети Николе, која била заразена со коронавирусот, но починала како последица на хематолошка малигна болест.

Како што дознаваат од „А1он“, таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но не се споделуваат детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена.

„Од УК за инфективни болести информираат дека станува збор за невакцинирана пациентка, со дијагноза non hockin limfom во одмината фаза од болеста и смртниот исход е последица на хематолошката малигна болест“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Според официјалните информации, девојката имала тумор на лимфно ткиво. Исто така, станува збор за пациентка која нема примено вакцина против коронавирусот.

770 нови случаи на ковид-19, почина 23-годишен пациент од Свети Николе

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дејвид Бекам воодушевен од храната во Дубровник: Поранешниот фудбалер пробал и домашната ракија

Следно

Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian