Зеленски ги разреши шефот на државната безбедност и главната обвинителка

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа издаде извршна наредба за разрешување на шефот на Службата за државна безбедност Иван Баканов и државната обвинителка Ирина Венедиктова поради, како што наведе, многубројните случаи на соработка на вработени во нивните служби со Русија.

На официјалната веб-страница на претседателот се објавени наредби за разрешување на Баканов, пријателот на Зеленски од детството, и Венедиктова, која е задолжена за гонење на наводните руски воени злосторства во Украина, објави Ројтерс.

Во посебна објава на платформата Телеграм, Зеленски информирал дека повеќе од 60 службеници од обвинителството и Службата за државна безбедност работат против Украина на териториите окупирани од Русија.

Тој додаде дека во службите на чело со Баканов и Венедиктова се регистрирани 651 случај на предавство и соработка со непријателот.

kurir.mk

Претходно

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип

Следно

Препораки за заштита од големите горештини: Што треба, а што не треба да правите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian