ВИДЕО | Папагали танцуваат и се бакнуваат: Прекрасна „кореографија“ која ќе ве воодушеви

1 min read

На социјалните мрежи неодамна беше објавено необично видео од прекрасни папагали како танцуваат. Сив и зелен папагал стојат еден спроти друг на горниот дел од кафезот. Во еден момент само се гледаат, а потоа започнува нивната „кореографија“.

Прво, едниот папагал се наведнува кон другиот до тој степен што практично лежи пред него, додека вториот папагал го бакнува со клун по главата. Потоа синхронизирано се оддалечуваат еден од друг и повторно ги повторуваат истите движења.

Еден корисник на Редит понуди објаснување за ваквото однесување: „Мислам дека тоа е делумно нормално социјално однесување и делумно научено од нивните сопственици. Танцувањето е вообичаено за овој вид, но овие „бакнежи“ не се. Тоа е веројатно мал ритуал што го виделе од нивните сопствениците, па решиле да го одглумат“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибиров со емотивна порака се прости од Вардар, Скопје, Комити, Македонија…

Следно

Советот на ЕУ одобри почеток на пристапните преговори со Скопје и Тирана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian