ВИДЕО: Левандовски ги запозна новите соиграчи, урнебесна реакција на Пјаниќ

1 min read

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски се приклучи на подготовките на новиот клуб Барселона во Мајами.

Напаѓачот се запозна со новите соиграчи откако вчера го комплетира трансферот од Баерн во Барселона, а јавноста ја насмеа реакцијата на репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ.

Имено, додека Левандовски се поздравуваше со играчите на каталонскиот тим, Пјаниќ не го симнуваше погледот од Полјакот.

Навивачите на Барселона се импресионирани од новиот напаѓач иако весникот „Ел Паис“ тврди дека клубот го преплатил Левандовски.

Барселона објави дека платила 50 милиони евра отштета за Левандовски, а фудбалерот потпишал тригодишен договор за бруто годишна плата од 16 милиони евра, но „Ел Паис“ од извори кои учествувале во преговорите и во трансферот, тврди дека каталонскиот тим ќе плати 60 милиони евра, а напаѓачот ќе има плата од 23 милиони евра бруто.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

35-годишна жена била физички нападната во Гази Баба

Следно

ВИДЕО | Го оживеа ликот на Никола Тесла: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian