ВИДЕО | Го оживеа ликот на Никола Тесла: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

1 min read

Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.

Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.

По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена, Аца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.

Овој пат Стефан се трансформираше во српскиот научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци – Никола Тесла.

Стефан за момент ја оживеа ликот на Тесла со моќта на шминката. Трансформацијата е неверојатна, а Стефан уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите мејк-ап артисти на Балканот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Левандовски ги запозна новите соиграчи, урнебесна реакција на Пјаниќ

Следно

Сали: Иницирани вонредни инспекциски надзори во „Жан Митрев“, во среда детали за случајот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian