ВИДЕО | Братот на Мартин Јовановски: Потрагата е скапа, но не можам да си одам дома без брат ми

1 min read

Поминаа десет дена од потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски. Неговото семејство, кое досега учествуваше во потрагата, вели дека за понатамошното барање ќе им бидат потребни повеќе финансиски средства кои тие не можат да си ги дозволат.

Во снимката која ја објави командантот на грчката спасувачка служба, Горан Јовановски, братот на Мартин, побара помош од добрите луѓе и од грчката влада за да продолжи потрагата.

Тој упати апел до грчката влада да продолжи со потрагата уште неколку дена со опремата која вклучува дронови, бродови, хеликоптери. Исто така, упати апел и до грчките граѓани кои имаат дронови да се вклучат во потрагата заедно со доброволците од Македонија и Грција кои заедно го пребаруваат морето.

„Јас и моето семејство сме заглавени во странска земја, не го знаеме јазикот. Не можам да си одам дома без брат ми. Не можам да ѝ кажам на мајка ми дека треба да се одиме без брат ми. Затоа уште еднаш ја молам грчката Влада да ни помогне“, изјави Горан Јовановски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриен е полот на бебето кое го очекуваат Клои Кардашијан и Тристан: Момче или девојче?

Следно

Сопругата на Зеленски вопосета на САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian