ВИДЕО | Бијонсе направи профил на „ТикТок“: Ова е првата објава на пејачката која веќе има има 3,8 милиони следбеници

1 min read

Пејачката се приклучи на „ТикТок“, една од најпопуларните социјални мрежи во моментов. Бијонсе го објави своето прво видео на „ТикТок“, во кое може да се видат нејзините фанови како танцуваат на нејзиниот нов хит „Break My Soul“.

Само неколку часа по објавувањето на видеото, Бијонсе веќе има 3,8 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.

„Ова ме направи толку среќна! Ви благодарам за целата љубов“, напиша пејачката.

@beyonce Seeing y’all release the wiggle made me so happy! Thank you so much for all the love for BREAK MY SOUL! – Love B —#RENAISSANCE #BREAKMYSOUL ♬ BREAK MY SOUL – Beyoncé

„Кралицата пристигна“, беше само еден од бројните коментари од фановите на пејачката на споменатата социјална мрежа.

Песната „Break My Soul“ е првиот сингл од албумот „Renaissance“ кој, како што е најавено, ќе биде објавен на 29 јули. Инаку, Бијонсе пред шест години го издаде својот последен албум „Lemonade“, а нејзините обожаватели едвај го дочекаа овој момент.

Несомнено е дека Бијонсе ќе биде многу популарна и на „ТикТок“, со оглед на тоа што голем број луѓе ја следат на другите социјални мрежи, па на Инстаграм има речиси 270 милиони следбеници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хероина на СП: Ја победи депресијата и стана светска шампионка

Следно

Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ се судри со клиниката Жан Митрев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian