ЈСП Скопје : Носете маски во автобусите, вирусот повторно се шири

1 min read

Немаме право да казнуваме, но со одговорно однесување на секој поединец може да придонесеме да не се шири вирусот, апелираат од ЈСП

ЈСП Скопје апелира сите граѓани кои го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитни маски во автобусите.

Од претпријатието посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

„Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје“, информираат од ЈСП Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Блаже Миневски, сопственик на бутик винаријата „Бади“: Виното е синоним за веселите моменти за кои наздравуваме

Следно

Пожари во Франција, температури до 47 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian