Сопругата на Зеленски вопосета на САД

1 min read

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Стејт департментот треба да се сретне со украинската прва дама Олена Зеленска.

Ова е возвратна посета на Зеленска, откако во мај првата дама на САД, Џил Бајден, се сретна со Зеленска во западна Украина.

Патувањето на Џил Бајден тогаш не беше најавено. Таа изјави дека смета оти е важно да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане, дека оваа војна е брутална и народот на САД стои со народот на Украина“.

Како што јави Гласот на Америка, Зеленска тогаш ѝ се заблагодарила на Бајден за нејзиниот „храбар потег“.

Руската инвазија врз Украина наскоро влегува во својот петти месец, откако викендов имаше ескалација на воените дејствија во неколку клучни градови во областа Донбас, со, како што јави украинското Министерство за одбрана, има многу загуби за руската страна.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Братот на Мартин Јовановски: Потрагата е скапа, но не можам да си одам дома без брат ми

Следно

35-годишна жена била физички нападната во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian