Шпанските медиуми откриваат дека Барселона го преплатила Левандовски

2 mins read

Барселона вчера го потврди трансферот на летото, го договори Роберт Левандовски, но шпанските медиуми открија дека управата на каталонскиот тим ја лажела јавноста за вистина на трансферот и не ги презентирала вистинските бројки, обесштетувањето и платата се поголеми од тоа што беше објавено.

Имено, шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека трансферот на Левандовски од Баерн Минхен во Барселона не изнесува 50 милиони евра како што објави каталонскиот тим туку 10 милиони повеќе.

„Ел Паис“ пишува дека Барселона на Баерн ќе му исплати дури 60 милиони евра, 45 милиони ќе бидат платени веднаш, потоа 5 милиони на име на бонус доколку тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите идната година и дополнителни 10 милиони евра доколку Левандовски ја одигра целата сезона како фудбалер на Барселона.

Токму последната трета ставка, не беше објавена во јавноста и весникот смета дека тоа е со цел да се „заобиколи“ финансискиот фер-плеј и тие 10 милиони евра да бидат префрлени во идната фискална година.

– Управата на Барселона се обврза дека ќе исплати 60 милиони евра по договорените клаузулу доколку Баерн јавно објави дека трансферот е вреден 50 милиони (45+5). Причината за тоа е ублажувањето на нападите на медиумите поради преголемото трошење во време кога клубот се наоѓа во тешка финансиска состојба – изјави за „Ел Паис“ неименуван агент кој учествувал во трансферот.

„Ел Паис“ пишува дека Барселона лажела и за висината на платата. Каталонскиот тим тврди платата на Левандовски ќе изнесува 16 милиони евра бруто годишно, но „Ел Паис“ пишува дека всушност платата на напаѓачот ќе изнесува 23 милиони евра бруто. Исто така, весникот тврди дека наместо на три, Левандовски ќе потпише за четири години.

ОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е играч на Барселона

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан, но и најизолирана

Следно

Интервју со Блаже Миневски, сопственик на бутик винаријата „Бади“: Виното е синоним за веселите моменти за кои наздравуваме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian