Санкционирани 211 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

1 min read

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 11.07. до 17.07.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Најмалку 353 деца во Украина загинаа како резултат на руската инвазија, тврдат украинските власти

Следно

Каква мистерија се крие зад рутата на украинскиот авион кој се сруши во Грција?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian