Рама: Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам

1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама во разговор за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, меѓу другото, зборуваше за евроинтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Северна Македонија го нарече срам.

„Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам. Софија повеќе нѐ подели, отколку што нѐ обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега“, изјави Рама, јави „АБЦ њуз“.

За отворањето на преговорите со ЕУ, тој нагласи дека „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа“.

Албанските медиуми посветуваат посебен простор и за почетокот на преговорите на Северна Македонија, што е најавено за утре на првата меѓувладина конференција.

„Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик. Потоа започнува верификацијата, која ќе трае година и пол, и по завршувањето на тој процес се планира следната меѓувладина конференција со која ќе се заврши фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот“, наведува Топ чанел.

Според албанските медиуми, францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик, идентитетот и историското минато, додека бугарската страна „бара од македонската страна да го вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на уставот, како рамноправно со другите народи“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Гола на бели чаршави со бурма на раката: Џенифер Лопез објави фотографија од првата брачна ноќ

Следно

Ердоган повторно се заканува со блокада на членството на Шведска и на Финска во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian