Претрес во канцеларијата на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

1 min read

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми,  јавува „Фокус“ повикувајќи се на извори од Обвинителството.

Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.

Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан, сепак од обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, но не кажуваат за што бидејќи се работело за предистражна постапка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Илон Маск со згодна бринета на Миконос: Дали е тоа новата девојка на милијардерот?

Следно

Уште една жртва во пожарите во Шпанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian