Препораки за заштита од големите горештини: Што треба, а што не треба да правите

5 mins read

Во услови на зголемена температура и влажност, ослободувањето на топлината е отежнато и нашето тело мора да вложи дополнителни напори за да ја одржи температурата во нормални граници. Поради големите горештини и прекумерна изложеност на сонце и топлина, може да се појават различни непријатни состојби предизвикани од нарушувања во регулирањето на телесната температура, како што се топлински осип, едем, синкопа, грчеви или топлинска слабост. Состојбите кои најмногу загрижуваат се сончаницата – како многу честа појава, и топлотната исцрпеност и топлотниот удар – поради сериозните компликации што можат да ги предизвикаат.

Имајќи предвид дека зголемената температура на воздухот може значително да влијае на здравјето, важно е да се следат препораките за превенција и зачувување на здравјето.

Горештините и многу високите нивоа на УВ-зрачење можат да бидат опасни не само за хроничните болни, малите деца и другите ризични групи, туку и за луѓето без здравствени проблеми.

За време на зголемените температури, неопходно е да се остане што е можно повеќе во затворени, разладени, климатизирани простори. Останувањето во нив час или два ја намалува можноста за развој на здравствени нарушувања.

Поради високите температури, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ-зрачењето.

Општи препораки за заштита на здравјето:

– Со цел заштита на населението од високите температури, се препорачува во периодот од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности.

– Да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, а да се избегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалаци.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце, да се носат заштитни очила и капа, како и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени.

– При престој на отворен простор треба да се прават почести одмори под сенка, како и да се избегнува престој во целосно затворени возила и директен престој на сонце.

– Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

– Се препорачува при чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или интензивна жед и главоболка, да се консумира вода или негазиран минарален пијалак, да се побара помош, да се оди на постудено место колку што е можно побрзo и да се измери телесната температура. При болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребно е да се оди на студено место и да се консумира течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

– Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени. Треба да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, а особено да се внимава со консумација на сладолед и разни кремови.

– Високите температури негативно влијаат на здравјето на луѓето при што се влошува состојбата на тие кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести и ментални нарушувања. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем.

Експертите советуваат

Пет чаши вода дневно се доволни за хидратација на деца од 5 до 8 години, седум чаши за деца од 9 до 12 години, а осум до десет чаши вода за деца постари од 13 години и за возрасни.

Јадете свежо овошје и зленчук, немасно месо и риба, житарки, семки и немасни ферментирани млечни производи (јогурт, кефир), чорби и супи за надоместување на електролитите изгубени со потењето.

Избегнувајте обилни оброци, масна храна која тешко се вари, засладени и газирани сокови, алкохолни пијалаци и пијалаци богати со кофеин поради опасност од дехидрација на организмот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски ги разреши шефот на државната безбедност и главната обвинителка

Следно

Протоколот со Бугарија потпишан, утре Меѓувладина конференција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian