Петар Грашо бил во Македонија кога Хана почнала да се пораѓа

2 mins read

Сопругата на  хрватскиот пејач Петар Грашo, Хана Хуљиќ, во неделата околу 18 часот, со царски рез родила девојче. Бебето ги „изненадило“ родителите бидејќи пристигнало пет дена пред терминот, кој бил 23 јули.

– Пресреќни сме! Алба малку побрза при доаѓањето на свет, но исто така своевремено на свет дојдоа и нејзината мама Хана и нашиот Иван – рекол гордиот дедо Тончи Хуљиќ за „Јутарњи лист“, а тато Грашо додал:

„Мама и бебето се добро, сè помина добро. Бебето е здраво и весело.“

Хана во сплитското породилиште пристигнала во утринските часови, а кога добила контракции Грашо бил во Загреб. Членовите на семејството му се јавиле на Грашо и го известиле за ситуацијата, а тој потоа седнал во автомобилот и тргнал за Сплит. Веста дека неговата сопруга била во родилната сала го затекнала откако од Северна Македонија слетал на аеродромот во Загреб. Грашо во саботата настапувал во Македонија.

– Сè помина добро. Бебето е тешко 3.100 грама и долго 50 сантиметри. Се роди здрава и весела, а мајката се чувствува добро – потврдила за „Јутарњи“ претставничката на Грашо, Мартина Подгорски.

Ова е прво дете на парот, а на девојчето му го дадоа името Алба.

Хана и Грашо се венчаа во февруари во црквата Свети Доминик во Сплит. Венчавката се одржа во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели. Пред ресторанот и црквата ги пречекаа фоторепортери, но и бројни мештани кои на нововенчаниот пар и посакаа сè најдобро во заедничкиот живот.

Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

Петар Грашо закажал настап на денот на породувањето на сопругата: Кој е коментарот на Хана?

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Ибрахимовиќ и следната сезона ќе игра за Милан

Следно

Гори градската депонија во Дебар, надлежните сметаат дека пожарот е подметнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian