Откриен е полот на бебето кое го очекуваат Клои Кардашијан и Тристан: Момче или девојче?

1 min read

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон ја имаат ќерката Тру, а сега ќе добијат и син, тврди добро упатен извор за „E!News“.

Бебето ќе го роди сурогат мајка, на што познатата старлета гледа како еден од најголемите благослови досега.

„Таа е исклучително благодарна. Ве молиме почитувајте ја, таа сега е максимално фокусирана на семејството и на зачувувањето на приватноста“ – нагласи нејзиниот претставник за медиуми.

Инаку, Ким Кардашијан претходно изјави дека Клои се надева дека ќе има момче. Очигледно, нејзината желба наскоро ќе се оствари.

Да потсетиме дека Клои и Тристан во моментов не се заедно. Покрај тоа што заедно ја воспитуваат ќерката, од декември минатата година речиси и не се во контакт.

Огромна прашина се крена околу нивното последно раскинување, бидејќи се дозна дека кошаркарот не само што ја изневерил старлетата, туку и добил дете со друга жена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Им мемориам: Почина поранешниот фудбалер Ѓорѓе Џонов

Следно

ВИДЕО | Братот на Мартин Јовановски: Потрагата е скапа, но не можам да си одам дома без брат ми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian