Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, и покрај повредата на коленото одлучи да потпише едногодишен договор со Милан.
Минатата сезона, Ибрахимовиќ беше најплатен играч со плата од седум милиони евра, додека според информациите на италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, со новиот договор Златан ќе заработува меѓу 1 и 1,5 милиони евра.
Тој беше опериран на крајот на мај, а од терените би требало да биде кон на годината, па враќањето на Ибрахимовиќ на терените се очекува да биде во вториот дел од сезоната.
Минатата сезона Милан ја освои титулата во Серија А по пауза од 11 години, а Златан одигра 23 натпревари и постигна осум гола.
Official Statement: @Ibra_official ➡️ https://t.co/8BgZOIZ2Lv
Comunicato Ufficiale: Zlatan Ibrahimović ➡️ https://t.co/0A2sQdJppp#ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/GN44NS1cLJ
— AC Milan (@acmilan) July 18, 2022
Швеѓанецот во октомври ќе наполни 41 година и ова ќе биде 23. сезона во неговата кариера.
Ибрахимовиќ во Милан се врати во 2020 година, а претходно играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.
Италијанскиот шампион објави дека денеска заврши уште една работа, го испрати Матија Калдара на едногодишна позајмица во Специја која идното лето ќе има право да го откупи неговиот договор.