Македонија ЃП и Шкендија ги дознаа можните противници во третото квалификациско коло во Лигата на конференции

1 min read

Македонските претставници во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, Македонија ЃП и Шкендија ги дознаа можните противници во третото квалификациско коло.

„Лавовите“ би можеле да играат со подобриот од дуелот меѓу Сент Патрик од Ирска или Мура од Словенија, додека Шкендија би можела да се сретне со АИК Стокхолм или Ворскла Полтава.

Македонија ЃП доколку успее да ја победи ЦСКА Москва во второто квалификациско коло, првиот дуел во третото коло би го играла на домашен терен на 4 август, додека реваншот би се играл на 11 август на теренот на подобриот од дуелот меѓу Сент Патрик и Мура..

Шкендија пак доклку биде поусшешна од Валмиера од Летонија,  евентуално би гостувала во првиот меч на 4 август, а реваншот би го играла дома на 11 август.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ го продолжи мандатот на Мирослав Лајчак за уште две години

Следно

ФОТО | Илон Маск со згодна бринета на Миконос: Дали е тоа новата девојка на милијардерот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian