Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан, но и најизолирана

1 min read

Косовскиот премиер, Албин Курти денеска потсети дека на денешен ден во 2018 година Европската Комисија по вторпат заклучи дека Косово ги исполнува критуриумите за визна либерализација, но дека одлуката за тоа и натаму не е донесена.

На својата страница на Твитер, Курти напиша дека Косово е „најдемократската и најпроевропска земја на Западен Балкан, но и најизолирана”.

– Денеска се навршуваат четири години откако Европската комисија по вторпат заклучи дека Косово ги исполнува сите критериуми за визна либерализација. Ние сме најдемократската и најпроевропска земја на Западен Балкан, но и најизолирана. Надежите на нашите граѓани треба да се исполнат со решителност и солидарност од страна на ЕУ, напиша Курти.

Првата препорака за укинување на Шенген-визите за косовските граѓани Европската комисија ја усвои во 2016 година, но и по втората од 2018-та сé уште има членки на ЕУ, пред сé Франција и Холандија, кои ја блокираат конечната одлука.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје

Следно

Шпанските медиуми откриваат дека Барселона го преплатила Левандовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian