Каква мистерија се крие зад рутата на украинскиот авион кој се сруши во Грција?

4 mins read

Останаа многу не јаснотии и не одговорени прашања околу падот на украинскиот авион „Антонов“ АН-12БК во соседна Грција, кој во саботата вечерта полета од Ниш мина низ македонскиот воздушен простор и се урна кај Кавала. Дел од дилемите кои во јавноста се уште актуелни е и еден дел и од рутата по кој се движел авионот кој се уште останува мистерија.

Според пишувањата на регионалните медиуми, одговорот на ова прашање можеби се крие во воената база лоцирана во Александрополис соседна Грција.

Сепак според она како што првично беше соопштено, авионот на украинската компанија „Меридијан ЛЛЦ“ од аеродромот во Ниш се упатил кон Јордан, каде требал да пренесе „опасни материи“. Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ во неделата првично изјави дека авионот пренесувал оружје на компанијата „Валир“ кое требало да стигне до Бангладеш.

Траекторијата на движење на украинскиот авион кој се сруши во Грција

Веднаш по него се огласи и директорот на компанијата „Валир“, Младен Богдановиќ во интвервју за српска Нова.рс изјави дека авионот „Антонов“ пренесувал мини за војската на Бангладеш. Според него, работата на компанијата во овој случај завршила со оставањето на робата на аеродромот во Ниш.

Каде тргнал авионот?

Она што е симптоматично според пишувањата на регионалните медиуми е тоа што авионот „Антонов“ преку Северна Македонија летал до Грција, но во еден момент ја променил рутата без при тоа да извести никој од контролата на летање во соседна Грција. Пилотот со авионот кој веќе го одминал континенталниот дел на Грција, без никаква причина наеднаш го вратил леталото назад кон Кавала и кратко по тоа тој се сруши.

Иако е познато дека авионот се урна во Кавала, во близина на тој град се наоѓа Александрополис, клучната американска база во Грција, забележуваат медиумите во исто време пишувајќи оти можеби американската база и била тајна дестинација на авионот..

Во меѓувреме пристаништето Александрополис во североисточна Грција има клучна улога во американското воено присуство во таа земја. Договорот за соработка и користење на ова пристаниште на почетокот на годинава го потпишаа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Дендиас – Блинкен / Фото JONATHAN ERNST / AFP / Profimedia

Засега нема официјална потврда која би сведочела за летањето на „Антонов“.

Украинскиот авион што падна во Грција се изгубил од радарот пет минути откако побарал помош

Како е дојдено до пад на авионот?

Засега не е јасно која е причината за падот на украинскиот авион. Од она што е достапно од информации во јавноста е дека во доцните часови во саботата на грчките воздушни контролори им стигнала порака од пилотот на украинскиот авион кој барал итно слетување. Пилотот добил две опции, или да слета во Солун или во Кавала, градот кој тој го одбрал бидејќи му бил поблиску.Но, веројатно поради откажување на моторот, авионот се запалил во воздухот, а потоа се урнал во близина на Кавала.

Сведоците за грчките медиуми велат дека виделе „огнена топка како паѓа кон земјата“.

Засега од украинското министерство за надворешни работи потврдија дека осум членови на екипажот загинале при падот на „Антонов“ и дека сите од нив биле украински државјани.

Резултатите од истрагата и обдукцијата на телата на загинатите ќе бидат објавени во наредните денови.

Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Санкционирани 211 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Следно

ВИДЕО| Шок за фудбалер на Милан: Полицијата го запре и го претресуваше како најголем криминалец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian