Хероина на СП: Ја победи депресијата и стана светска шампионка

4 mins read

Секое големо натпреварување има свои херои кои го одбележаа настанот и заслужија да бидат испишани со златни букви во спортската историја, и на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД покрај Алисон Феликс, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, тоа е Перуанката Кимберли Гарсија-Леон.

Гарсија-Леон го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри и на Перу му го донесе првото злато на Светските првенства во атлетика и во исто време се надмина себе си.

Атлетичарката кога порасна во Хуанкајо, град којс е наоѓа над 3.200 метри надморска височина, минатата година замина на Олимписките игри во Токио со желба да освои медал, но доживеа дебакл. Таа на Игрите во Токио се сметаше за еден од главните фаворити за титулата, но на 15-тиот километар, се откажа, падна покрај патеката и се онесвести.

– Мислев дека сум подготвена, но не бев. Беше многу болно, дефинитивно тоа е најтешкиот момент во мојата кариера. Но, се вратив – изјави Гарсија, која по ОИ призна дека паднала во депресија.

– Бев болна две недели, не сакав да излезам од собата и не можев да спијам. Само ќе ги затворев очите и размислував што се случи. Размислував да се откажам од сè, да работам нешто друго во животот. Но, полека успеав да се вратам иако беше многу тешко. За среќа, со помош на семејството, психологот и тренерот, успеав да се вратам и повторно да бидам среќна на патеката – вели Гарсија – Леон.

Атлетичарката која никогаш не освоила златен медал, во Јуџин успеа да покажа дека е способна за големи нешта. На половина од трката, таа и олимписката шампионка од Лондон, Кинеската Чијанг Шиџие стекнаа предност од 20 секунди во однос на противничките. Но, во финишот Гарсија-Леон успеа да се одвои и со предност од 33 секунди да триумфира пред Полјакињата Катажина Зѓебло и 58 секунди пред Шиџие која не успеа да го задржи ритамот до крајот на трката.

Гарсија-Леон која во октомври ќе наполни 29 години, почна да тренира брзо одење како петгодишно девојче за да ги следи нејзините браќа и братучеди. Големата надморска височина се покажа како вистинската основа за создавање на идната шампионка.

– Мојот сон беше да освојам медал. Само го следев тој сон.

Проблемот беше што брзото одење не е исплатливо, посебно не во Перу, поради што и беше финансиска помош. Помошта дојде до приватни компании и од атлетската федерација на Перу.

-Кога почнав да настапувам на меѓународни натпревари прво ме поддржуваше семејството, а потоа некои приватни компании ми помогнаа да одам на тренинг кампови. Тогаш сфатив што е важно за да се натпреварувам со најдобрите во светот – се сеќава Гарсија-Леон.

Таа „брзо чекореше“ кон светскиот врв, а нејзин идол беше Еквадорецот Џеферсон Перез, трикратен светски шампион и олимписки шампион од Атланта. Сепак, клучна улога во нејзиното освојување на планетата имаше уште еден Еквадорец, Андрес Чочо, со кој почна да соработува по разочарувањето во Токио. Неговиот совет како да се поправат некои технички недостатоци се покажаа како пресудни.

– Му се восхитувам и како човек и како спортист. Се поврзавме од првата секунда. Веднаш ме праша што сакам. Почнав со скромни цели, но тој ме убеди дека го имам тоа  што е потребно за да постигнам многу повеќе. Пред Светското првенство поминав 40 дена во неговиот камп и почнав навистина да верувам дека можам да го освојам златото – открива Гарсија-Леон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија со највисок јавен долг во регионот

Следно

ВИДЕО | Бијонсе направи профил на „ТикТок“: Ова е првата објава на пејачката која веќе има има 3,8 милиони следбеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian