Гори градската депонија во Дебар, надлежните сметаат дека пожарот е подметнат

1 min read

Веќе неколку часа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат низ град. Во гаснењето на пожарот се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ со сопствена механизација.

„Околу 16 часот добивме дојава дека има пожар на градската депонија, по што веднаш се упативме. Зафатена е поголема површина. Околу причините не сакам да шпекулирам“, изјави Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

Заедно со вработените на „Стандард“ на самото место е и директорот Бурим Каба, кој изјави дека се сомнева оти станува збор за подметнат пожар.

„Ова е првпат годинава, но и неколку месеци пред тоа, депонијата да гори. Се сомневаме дека пожарот е подметнат. До 15 часот бев тука на вообичаен секојдневен увид, поради можноста пожар да се појави од високите температури. Со безбедносните камери, но и со голо око не забележавме никаков чад. Наеднаш пожарот избувнал околу 16 часот. Повеќе од сигурен сум дека истиот е подметнат“, изјави директорот Каба за МИА.

Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато“.

Од пред две години на градската депонија поставени се безбедносни камери, оградена е со бетонска ограда а на влезот е поставена рампа, но, како што вели Каба, оној кој „намерил да предизвика зло наоѓа начин како тоа да го направи“.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петар Грашо бил во Македонија кога Хана почнала да се пораѓа

Следно

Украинските борци нема да се лекуваат во швајцарските болници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian