Германски климатолог предупредува на пораст на температурите: Времето истече

1 min read

Предоцна е да се ограничи глобалното затоплување на максимални 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа, предупреди германски метеоролог и климатолог пред форумот за климата што се одржува во Берлин.

Метеорологот и климатолог Моџиб Латиф изјави за германската медиумска групација Баерн дека „со денешните емисии на стакленички гасови ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години“.

-Ако се земе предвид она што сега го прават политичарите ширум светот, ние сме повеќе во насока на три степени, продолжи Латиф.

-Се приближуваме до точката каде што треба да признаеме: времето истече, додаде тој. Три степени на глобално затоплување би биле „катастрофа“, нагласи Латиф, посочувајќи дека секогаш се чинеше дека има повеќе приоритетни прашања од заштитата на климата.

Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на Петербуршкиот климатски дијалог што денеска и утре се одржува во Берлин.

Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Состанокот е дел од првите дискусии за утврдување на агендата на климатската конференција на ОН COP27, која треба да се одржи во египетскиот приморски град Шарм ел Шеик на почетокот на ноември.

kurir.mk

Претходно

Протоколот со Бугарија потпишан, утре Меѓувладина конференција

Следно

За 24 часа во Романија влегле над 12.000 Украинци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian