ФОТО | Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката го земала презимето на актерот

1 min read

Двојката прво ги изненади сите со нивното помирување 17 години по раскинувањето на првата свршувачка, потоа повторно се свршија, а сега се венчаа.

Познатата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа само три месеци откако повторно се свршија, пишува TMZ.

Вчера во светските медиуми како бомба одекна веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа.

Регистрирањето на бракот се случило во округот Кларк, и иако двајцата не се изјаснија за настанот, сега се појавија докази дека го кажале судбоносното „да“.

Имено, на официјалната веб-страница на округот Кларк можете да најдете запис од нивната венчавка, на кој се гледа и дека Џенифер сега го променила презимето во Афлек, а тоа набрзо почнало да кружи на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала денеска потпишува за Рома, ќе ја добие и „десетката“ на Тоти

Следно

Утре прва Меѓувладина конференција во Брисел, потоа започнува скрининг процесот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian