ФОТО | Илон Маск со згодна бринета на Миконос: Дали е тоа новата девојка на милијардерот?

2 mins read

Најбогатиот човек на светот Илон Маск пристигна во Грција на островот кој е омилен меѓу познатите луѓе. Неговото доаѓање привлече големо внимание во јавноста, но не само тоа, туку и мистериозната русокоса која е во негово друштво.

Илон Маск е забележан на Миконос, со бројни пријатели. За неговото доаѓање во Грција пишуваат бројни портали, меѓу другото и greekreporter.com, кој наведува дека милијардерот пристигнал во раните утрински часови, а потоа уживал на ручек во ресторан на плажата Агиа Ана Калафатис.

Оваа плажа важи за една од најуредените плажи која нуди голем број спортски активности, нуркање, сурфање и слично. Оваа плажа се наоѓа на источниот брег на островот, каде што може да се види целиот комплекс на плажи.

Да потсетиме, Маск се откажа од купувањето на Твитер, што ја шокираше јавноста, па сега се следи секој негов потег. Тој на Миконос беше во лежерна комбинација, облечен во едноставни шорцеви и маичка.

Во негово друштво е забележана и една бринета и веднаш се појавија сомнежи дека таа е неговата нова девојка. Ова немаше да биде толку шокантно доколку пред неколку дена не се дознаеше дека Маск стана татко на близнаците со директорката на неговата компанија Шивон Зивес.

Да потсетиме, Миконос е остров кој е еден од омилените меѓу „ѕвездите“, па своевремено го посетиле Серена Вилијамс, Адријана Лима, Мајкл Џексон и други. Се смета дека овој остров е резервиран само за оние со длабок џеб, но многу посетители велат дека на Миконос има понуди кои се достапни и за оние со поскромни приходи.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ЃП и Шкендија ги дознаа можните противници во третото квалификациско коло во Лигата на конференции

Следно

Претрес во канцеларијата на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian