ФОТО | Гола на бели чаршави со бурма на раката: Џенифер Лопез објави фотографија од првата брачна ноќ

1 min read

Планетата вчера беше воодушевена од веста дека латино дивата и актер Бен Афлек се венчаа. Џенифер Лопез и холивудскиот актер вчера го кажаа судбоносното „да“.

Иако официјално не се огласија на оваа тема, набрзо на мрежите почна да кружи слика на која се гледа дека Џенифер го променила презимето, односно дека сега веќе е госпоѓа Афлек – Џенифер Афлек.

Џен и Бен важат за еден од најомилените славни парови, а по среќната вест пејачката уште повеќе ги израдува своите бројни фанови со својата најнова објава на Инстаграм.

Имено, пејачката во утринското издание објави фотографија од кревет, а на нејзината рака светка прекрасна бурма.

Нејзиниот израз на лицето покажува дека е среќна и исполнета, но и дека на 53-годишна возраст изгледа прекрасно без шминка.

Да потсетиме, двајцата ја раскинаа првата свршувачка пред 17 години, а пред три месеци се верија по втор пат.

ФОТО | Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката го земала презимето на актерот

ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Лудница во аргентинскиот фудбал, играч на Индепендиенте погоден со риба во глава

Следно

Рама: Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian