Ќе се гради колектор и станицата за третман на отпадните води во село Орман

1 min read

Денеска во општина Ѓорче Петров беше презентиран проектот за изградба на колектор и станицата за третман на отпадните води во с.Орман.

-Ова е најзначајна инфраструктурна инвестиција финансирана од овој прекуграничен проект со кој се воведува комплетно нова услуга за жителите од селото. Станува збор за капитален проект чие позитивно влијание е од регионална важност и значење, рече првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

Во с.Орман истовремено се работат проекти кои имаат за цел урбанизирање на средината и конечно создавање услови за квалитетно секојдневие.

-Новата примарна и секундарна фекална канализациона мрежа во ова населено место во пакет со новиот колектор за прифаќање отпадни води се чекор напред во осовременување на постоечките услови за живеење на моите сограѓани, рече Стојкоски. 

Градоначалникот порача дека исклучиво преку партнерски пристап и взаемно вложување се решаваат регионални предизвици.

Слично како во општина Ѓорче Петров, во Ново Брдо се воведува нова услуга за организирано собирање и управување со цврст отпад преку набавка на опрема.

Проектот е финансиран од Програмата за прекугранична соработка IPA II 2017 & 2018 на Европската Унија преку Европска Комисија, а кофинансиран од Министерствата за локална самоуправа на Република Македонија и буџет на општина Ново Брдо. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Уште една жртва во пожарите во Шпанија

Следно

ВИДЕО: Мајк Тајсон во форма, удира како момче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian