Дури осум фудбалери се непожелни во Реал Мадрид

1 min read

Актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид направи листа на фудбалери на кои не смета во следната сезона и се слободни да си заминат во актуелниот преоден рок.

Тренерот Карло Анчелоти пред стартот на подготовките за следната сезона отпиша дури осум фудбалери и тоа Маркос Асениос, Дани Себаљос, Такефуша Кубо, Хесус Ваљехо, Маријано Дијаз, Борха Мајорал, Алваро Одриозола и Реиниер Жесус.

Највужно име на листата на оптишано е тоа на Маркос Асенсио кој има одиграно преку 200 натпревари за „кралскиот“ клуб и освои три трофеи во Лигата на шампионите.

Дани Себаљос сојде во Реал како еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, но не се снајде на „Сантијаго Бернабеу“ и две години помина на позајмица во Арсенал, по што минатото лето се врати во Реал, но ја грееше клупата.

„Јапонскиот Меси“, Кубо е пред преселба во Реал Сосиедад, додека се уште нема конкретна понуда за Маријан Дијаз, покрај него, одврзани раце имаат и дефанзивците Ваљехо и Одриозола, додека младиот Бразилец Реиниер најверојатно ќе замине на позајмица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинските борци нема да се лекуваат во швајцарските болници

Следно

Американка се разбуди по две години кома и ѝ откри на полицијата дека брат ѝ е напаѓачот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian