Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ се судри со клиниката Жан Митрев

4 mins read

Домашната јавност втор ден по ред е бранувана од информации поврзани со начинот на работата на македонската клиниката на Жан Митрев и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев за време на пандемиајта.

Изминатиов период со свои верзии за настаните во медиумите се огласија и дветете страни на случувањта односно новинарската организација ИРЛ (Investigative Reporting Lab) но и преставниците на клиниката Жан Митрев.

Во свој документарен филм насловен како „Нечиста крв“ новинарската организација ИРЛ информираше дека нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата а конкретниот документарец е направен врз трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката кои се верификувале повќе од 22 месеци.

Од ИРЛ во својот едночасовен филм меѓудругото запрашуваат дали методот на хемофилтрација во болницата за кој се наплаќало меѓу три и пет илјади евра всушност бил одобрен за Ковид лекување, но и која била причината за пост ковид компликациите на пациентите лечени во клиниката поради кои некои дури од нив подоцна и починале и покрај скапите услуги за кои ги плаќале за подобрување на нивното здравје.

Од друга страна во соопштение до јавноста, преставниците на болницата за „Слободен печат“ реагираат за објавеното истражување на ИРЛ во јавноста бидејќи според менаџментот деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки инормации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев.

– Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот Ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи – велат од клиниката Жан Митрев.

ФОТО: Соопштение до јавноста од  ПЗУ – Жан Митрев

Од таму додааваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

Според ПЗУ Жан Митрев во предиодот што следи здравствената установа ќе ги искористи сите правни можности согласно законите, да ги  спречи овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата.

Во меѓувереме од Јавното обвинителство информираа  дека веќе оформиле предмет по наодите во документарниот филм.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето – информираа а од Јавното обвинителство.

Инаку документарецот во јавноста предизвика низа реакции. Во продолжение е видео линк од документарецот на ИРЛ – Нечиста Крв, кој ја брануваше јавноста со трогателните сведоштва на пациентите и нивните семејства лечени во оваа релативно скапа клиника.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Бијонсе направи профил на „ТикТок“: Ова е првата објава на пејачката која веќе има има 3,8 милиони следбеници

Следно

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian