Дибала денеска потпишува за Рома, ќе ја добие и „десетката“ на Тоти

1 min read

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала конечно пресече, нема да се прели во Милано туку ќе потпише за Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала неколку недели преговараше со Интер кој во последен момент ги промени условите за договорот и наместо на четири години, му понуди договор на една година. Тој потег не му се допадна на Аргентинецот поради што ги прекина преговорите и се одлучи да ја прифати понудата на Рома.

Според медиумите, најголеми заслуги за ваквата одлука на Дибала има тренерот на Рома, Жозе Мурињо кој успеал да го убеди фудбалерот да се пресели во Рим иако екипата нема да игра во Лигата на шампионите.

Дибала ќе добие тригодишен договор и ќе заработуба шест милиони евра по сезона, што е помалку од тоа што му го нудеше Јувентус, но и Интер кој го мамеше со милионски бонус.

Аргентинецот најверојатно ќе ја добие и „десетката“ на Тоти, а се очекува во текот на денот да се појави во Рим на лекарски прегледи и потоа да го потпише договорот.
Мурињо досега успеа да ги ангажира Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За 24 часа во Романија влегле над 12.000 Украинци

Следно

ФОТО | Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката го земала презимето на актерот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian