Дачиќ: Конститутивна седница на Собранието следната недела, договор за соработка СНС-СПС

1 min read

Претседателот на Собранието на Србија и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави дека конститутивната седница на новото свикување на Парламентот ќе се одржи кон средината или на крајот на следната недела и потсети дека рокот за одржување на конститутивната седница истекува на 4 август.

Дачиќ ова го изјави по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за мандатар за премиер и новата влада, на коалицијата СПС – Единствена Србија – Зелените на Србија, додавајќи дека оваа листа е подготвена за продолжување на соработката со Српската напредна партија (СНС).

„Веруваме дека споделуваме заеднички политички цели кога е во прашање иднината на Србија. Подготвени сме за соработка и ќе продолжиме со консултациите во наредните денови“, изјави Дачиќ.

Како што појасни, со Вучиќ е постигнат висок договор за меѓусебните односи и продолжување на соработката во наредниот период, а листата на СПС е подготвена да биде дел од политичкото единство и стабилност во Србија.

„Ми се чини дека демонстриравме високо ниво на единство и договор“, заклучи Дачиќ.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Аеродром родители го нападнале другарчето на нивното дете

Следно

ВИДЕО: Лудница во аргентинскиот фудбал, играч на Индепендиенте погоден со риба во глава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian