Јавните комунални претпријатија бараат помош од Владата за да не се покачат сметките за граѓаните

2 mins read

Јавните претпријатија даватели на комунални услуги бараат помош од државата за справување со предизвиците од економската и енергетска криза. Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) бара средба во Владата бидејќи оттаму велат дека кризата го доверува во прашање нормалното работење и обезбедување на комуналните услуги.

„Поради енормниот раст на трошоците на струја, растот на цената на бензините, кој е речиси стопроцентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење. Како претпријатија, даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска кон граѓаните да продолжиме да ги оствариме услугите на потребно ниво и покрај сите макроекономски предизвици со кои се соочуваме“- вели претседателот на АДКОМ Пеце Милевски на прес-конференција пред Владата.

Тој истакна дека цените на услугите кои Јавните претпријатија ги даваат на граѓаните се на исто ниво и покрај тоа што цената на струјата се покачени неколку пати.

„Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква ситуација излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на Владата како начин заеднички да го заштитиме стандардато на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги“ – вели Милевски.

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински очекува од септември сметките за електрична енергија да се зголемат за најмалку пет пати. Вели дека во работењето Водовод, струјата е неопходна и оти поради високите зони пумпите работат 24/7.

„Дополнително сме оптоварени со наследени обврски кои претпријатието ги имаше некаде повеќе од 300 милиони денари. Сега сме некаде на околу 270 милиони денари и сето тоа после летниот период практично ќе го оневозможи нормалното функционирање на Водовод и канализација – Скопје и затоа се обидуваме да стапиме во контакт со централната власт“, вели Перински.

Во АДКОМ членуваат 90 Јавни претпријатија од Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Протекоа првите фотографии од тајната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Следно

ЈСП Скопје апелира да се носат маски во автобусите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian